ЕКО бизнисЕКО производи

Воен авион за прв пат леташе користејќи масло за јадење

Royal Air Force (RAF) успешно извршија пробен лет на огромниот воен транспортен авион, а како гориво било употребено само искористено масло за јадење. Во тестот е користена воената верзија на авионот Airbus A330, односно RAF Voyager, кој летал над Оксфордшир, со користење на одржливо авионско гориво (Sustainable Aviation Fuel – SAF), отворајќи нови опции за цивилните и воените авиони.

SAF се произведува од одтжливи суровини како искористено масло за јадење, а јаглеродната емисија е до 80% пониска во споредба со онаа на конвенционалното авионско гориво.

Целта е да се намали зависноста на RAF од глобалните синџири на снабдување, да се зголеми оперативната отпорност и да се намали јаглеродниот отпечаток. Пробниот лет траел 90 минути.

Тагови

Поврзани вести