Македонија
Велосипедска тура околу Охридското езеро

Група од десетина рекративни велосипедисти од Охрид денес почнаа со обиколка на езерото. Од Охрид, преку Струга, каде ќе им се приклучат велисипедисти од Холандија, па граничниот премин Ќафасан, а патот потоа им продолжува во Лин и Поградец на албанска страна. Оттаму ќе возат до селото Тушемиште, каде вечерва ќе преноќат. Во ова погранично село ќе им се приклучат албански велосипедисти од Поградец, по што заедно ќе продолжат кон Свети Наум и повторно назад во Охрид.
„Дојдовме на една идеја да се збратимиме, како една пријатна дружба помеѓу Охрид, Струга и Поградец. Пред 10 години дојдовме на идеја да ги споиме трите градови во возење и обиколување на Охридското езеро. Во првиот момент стана и туристичка атракција, па многу велосипедисти ја земаат оваа маршута и го обиколуваат Охридското езеро“, рече Илија Џепароски- велосипедист.
Регионот околу езерото има многу недопрена природа и затоа велосипедистите ја препорачуваат оваа прошетка на секој кој има кондиција и желба за убава авантура.
Инаку, за обиколка на езерото се потребни околу осум часа активно возење без подолги запирања. Овој пат тоа ќе трае малку подоцна поради побавното темпо на рекреативниот туризам.