Живот

ВВФ: Во последните 50 години популацијата на животните е намалена за дури 68 отсто

Претставничката на Светската организација за заштита на природата (ВВФ) Ива Свилар кажа дека податоците од последниот извештај на организацијата за животот на планетата покажале дека во последните 50 години популациите на цицачите, птиците, рибите, водоземците и влекачите се намалени за дури 68 отсто.

Причините за намалување на биодиверзитетот се многубројни и вклучуваат деградација на природните живеалишта, прекумерно користење на природните ресурси, климатските промени и незаконската трговија и убивањето на дивите видови, соопшти ВВФ.

„Во природата сè е поврзано и исчезнувањето на еден вид има огромно негативно влијание на друг вид, но и на животот на луѓето, затоа е важно да се грижиме за дивиот свет и нивните живеалишта, односно да живееме во склад со природата“, оцени Свилар.

Според неа, една од најголемите закани за живиот свет се секако злочините против природата, кои вклучуваат незаконски лов и риболов, убивање на заштитените видови, незаконска трговија и шверц, и незаконско фаќање и чување диви видови.

„Преку проектот „Успешно сузбивање на кривичните дела против дивите видови во Европа“ ВВФ работи на обесхрабрување и намалување на бројот на кривични дела против дивите видови преку подобрена соработка на релевантните институции и подоброто спроведување на националните и меѓународните прописи за заштита на животната средина“, истакна Свилар, додавајќи дека на тој начин проектот придонесува на опоравувањето на европските видови и подобрување на здравјето на екосистемот, пренсува mkd.mk

Тагови

Поврзани вести