Македонија
Вардар шампион,Циндриќ прогласен за МВП на турнирот
Ракометарите на Вардар ја одбранија титулата во СЕХА лигата, победувајќи го ППД Загреб со резултат 26:24 во вчерашното финале на фајнл-фор турнирот кој се играше во салата во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје.
„Црвено-црните“ ја освоија својата четврта титула во регионалната лига со уште еден квалитетно одигран натпревар, иако хрватскиот шампион ја одржуваше неизвесноста до последните десет минути. Вардар по 50-та минута направи серија од 4:0 и со предноста 25:20 го реши победникот.
По завршувањето на финалниот меч, беа сумирани и прогласени најдобрите играчи на Ф4 турнирот во СЕХА лигата.
МВП беше прогласен играчот на РК Вардар, Лука Циндриќ, а исто така се најде и во најдобриот тим на СЕХА лигата, во кој место имаше и уште за тројца вардарци, Илија Абутовиќ, Арпад Штербик и Тимур Дибиров.