Патувања

Валета, Малта

Совршено трио на острови, обиколени од тиркизни води, малтешкиот архипелаг го има целиот шарм на блиската Сицилија со далеку помалку туристи.

Валета, главниот град на малата нација и локалитетот на светското наследство на УНЕСКО.

Историскиот град со ѕидови датира од 1565 година, и има атмосфера на Медитеран со северноафрикански пресврт. Оваа потценета дестинација конечно влезе во глобалниот центар на вниманието како Европска престолнина на културата во 2018 година.

За да ја прослави оваа пригода, градот реализира повеќе од 140 проекти и 400 настани низ целата година.

Свеченостите започнаа на 20 јануари, со современ танц, хорска симфонија и акробатски претстави низ четирите главни плоштади во градот.

Ако ги пропуштит овие настани,, поминете во февруари за карневалот, или во јуни за Малтешкиот Меѓународен уметнички фестивал и филмскиот фестивал Валета.

 

Тагови

Поврзани вести