Вести
Бетонски облакодери обвиткани со зеленило
Германската компанија Ingenhoven Associates, после шест години ги заврши работите на двата облакодери во Токио.

Во долниот дел на овие облакодери преовладува бујно зеленило, карактеристично за оваа компанија. Проектот е наречен Toranomon и подразбира изградба на две нови кули од двете страни на постоечката Toranomon Hills кула, која во моментот се смета за највисок облакодер во Токио и петти по височина во Јапонија. Сега приматот на највисока кула го превзема повисоката зграда од овој нов проект. Има височина од 220m, има 54 ката и 550 станбени единици во распон од 34m2 за студио апартмани, до станови со површина од 112m2. Втората зграда е висока 185m и има 36 ката деловен простор.
Двете згради се поврзани со голема јавно достапна тераса, во која се наоѓа мноштво растенија и дрвја. Терасата продолжува вертикално до седмиот кат на деловната кула и 11-тиот кат на станбената кула. Постојат повеќе шеталишта и простори за одмор, а вкупната површина под зеленило изнесува дури 7.800 квадратни метри. Ingenhoven Associates е препознатлив по својот интензивен ангажман на урбаното зеленило и одговорите за секоја локација во различни климатски услови ширум светот.
пренесува porta3.mk