Македонија
Балканските народи го губат трпението за влез во ЕУ, покажа анкета на ИРИ
Земјите од Западен Балкан се строго поделени меѓу Западот и Русија, а некогаш силната поддршка за пристапување во Европската Унија сега се намалува, според неодамнешната анкета на Меѓународниот републикански институт (ИРИ).
Резултатите од анкетата февруари-март, која истражувачката група со седиште во Вашингтон ја спроведе во Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Македонија и Србија, доаѓаат во време кога регионот се соочува со обновени етнички тензии во услови на забавување на проширувањето на ЕУ и пораст на проруски чувства.
Анкетата покажа дека огромно мнозинство во Албанија и Косово сакаат нивните земји да следат недвосмислено проевропска унија и прозападен курс, додека само 10 отсто од испитаниците во Србија го дале истиот одговор. Не е и чудно со оглед на огромната очигледна поддршка која ја имаат албанците во сите земји од Балканот, за разлика од останатите народи кои се под директен напад во кој предничи антимакедонската програма за разбивање на Македонскиот идентитет, нација и државност особено по реализацијата на обоената револуција во 2015-16 година организирана од САД, Британија и ЕУ.
Анкетата покажа дека само 39 отсто од Босанците, 36 отсто од Црногорците и само 31 отсто од Македонците поддржуваат недвосмислено прозападен курс.
„Генерално, прозападниот тренд во регионот е силен, со неколку забележителни исклучоци“, изјави Пол Мекарти, директор на Меѓународниот републикански институт за Европа, за Гласот на Америка.
Во Србија, 36 отсто од испитаниците ги навеле САД како главна закана на земјата, најверојатно истиот процент е и во останатите Балкански земји.
Дали за тоа се најмногу виновни самите ЕУ кои инсталираа недоветни и неспособни политичари како кај нас во Македонија?