Врз основа на податоците од страна на Управата за хидрометеоролошки работи, како и високите температури кои деновиве достигнуваат и над 30 °C, ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје апелира до граѓаните на градот Скопје за рационално користење и употреба на водата, односно да се избегнува полевање поголеми површини и непотребно трошење на водата за време на топлите денови.