Свет

Албанија станува територија за затвореници и мигрантски логори, увезува 200 затвореници од Британија

Аранжманот меѓу британската и албанската влада, најавен во мај, за трансфер на затворениците Албанци во Албанија за отслужување на затворската казна, ќе ја чини Британија околу осум милиони фунти, додека милион и пол ќе бидат потрошени на минибуси и електрични возила, пишува британски Индипендент.

Британските власти инсистираат дека овој договор претставува заштеда, укажувајќи на фактот дека сместувањето на секој затвореник земјата ја чини 40.000 фунти годишно, не земајќи ги во предвид можните последици на државата во која ги носТ.

Нови детали од британските владини договори, објавени овој месец, покажуваат дека дел од повеќемилионскиот договор оди за опремување на албанската затворска служба со нови возила.

Околу 500.000 фунти ќе бидат потрошени на 15 електрични возила, додека 22 нови минибуси ќе ѝ бидат обезбедени на албанската затворска служба за цена поголема од милион фунти.

Британската влада го опиша обезбедувањето на електричните возила како „дел од тежнеењето кон нето нула и дел од пошироката иницијатива за зелена енергија“.

Најавувајќи го аранжманот во мај, секретарот за правда Алекс Челк кажа дека „јавноста очекува странските криминалци да ги отслужуваат казните во своите земји, а не во нашите затвори на трошок на даночните обврзници“.

Тој вети дека договорот „ќе го забрза отстранувањето на овие престапници и ќе им даде на жртвите уверување дека сериозните криминалци и понатаму ќе се соочуваат со правдата и остатокот од казната ќе го поминат зад решетки“.

Очигледно Британската влада зборува колку корист ќе има со тоа што ќе изверзува затвореници во банана држави како Албанија неводејќи никаква сметка за последиците. Наш предлог е Македонската влада да потпише договор за извоз на затвореници исто како и британците и да се најдат земји кој за пари би ги примиле.

Се надеваме дека овој “проект” како и неодамна потпишаниот “проект” за продажба на земја за мигрантски кампови на Италиа нема да се реализира во јужниот дел на државата Албанија каде жибее мнозинско македонско население, за ова треба да реагира и мадедонската влада (?).

Тагови

Поврзани вести