Забава

Сите за еко свест во модниот свет

Сите ние треба да преземеме одговорност за нашите постапки што се одразуваат и на нашата и на иднината на генерациите после нас. Ова особено се однесува на модната индуструја која важи за еден од најголемите загадувачи на еколшката средина, а со тоа и на сите нас како активни чинители.

Но, секој од нас може да придонесе за намалување на негативното влијание, со тоа што ќе се однесува одговорно.

Ако до сега не сте размислувале како може позитивно да делувате, време е да почнете! Ние ќе посочиме неколку едноставни, а корисни правила, што може да имаат серозен импакт врз животната средна, ако масовно се применуваат од поединците.

-Бирајте облека изработена од органски материјали

-Не купувајте само поради тоа што е тренд, размислете дали вам ви одговара или колку долго ќе го носите

-Купувајте од вашите локални дизајнери

-Инвестирајте во безвременска облека

-Редизајнрајте ја вашата стара облека

-Донирајте ја облеката што веќе не ви е точна

-Грижете се за вашата облека за да ви трае подолго

-Информирајте се постојано за одржилвата мода

Извор: Euronews

Тагови

Поврзани вести