Македонија

Пречистени се само 0.34 % од користените водите во Македонија

Прикажаните податоци на Државниот завод за статистика претставуваат резултати за зафатени, користени и испуштени води во 2016 година.

Вкупното количество зафатена вода од индустриските претпријатија во 2016 година изнесуваше вкупно 3 709 милиони м3, при што секторот Г – Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација има најголемо учество од 98.96 %.

Според потеклото на водата за снабдување на претпријатијата, најголемото количество вода е од изворски води – 71.86 %.

Вкупното количество користена вода во 2016 година изнесуваше 3 699 милиони м3.

Од вкупно испуштените води, пречистени се 0.34 %.

Тагови

Поврзани вести