Екобаланс ТВ

Погледнете како се чистат океаните од пластика(видео)

Холандската непрофитна организација Оушн клинап има цел во следните пет години да се изпразни макар половината од пластичното ѓубре односно ГПГП (Great Pacific Plastic Patch) или околу 40.000 тони од океаните.

За таа цел минатиот месец од Сан Франиско исплови брод кој зад себе влече пластични цевки исполнети со воздух чија цел е да се исчистат океаните од пластично ѓубре. Тоа беше тест-проба пред  бродот да го продолжи пловењето кон големиот куп отпад  во Тихиот Океан кој се простира на речиси милион квадратни километри.

Лорен Лебретон е океанограф и лидер на проектот. Тој потврди дека во купот пацифичко ѓубре има околу 80.000 тони пластичен отпад.

Бојан Слат, Холанѓанец со хрватско потекло кој го осмисли системот за чистење има само 24 години. Тој е основачот и директор на Оушн клинап. Тој вели дека конечно, по пет години минати во подготовки и тестирања, нивниот напор ќе вроди плод.

Според Слат, ова ќе биде првиот обид за чистење на купот ѓубре откриен во 1997 во кој според проценки има дури 1,8 трилиони парчиња пластичен отпад. Главно станува збор за отпад кој во морето доаѓа од реките, но и за рибарска и наутичка опрема како делови од мрежи и јажиња.

Купот ѓубре, според Лебретон, се трупа уште од педесеттите години на минатиот век.

Бродот Маерск лончер зад себе влече големи пловечки цевки исполнети со воздух и долги околу 600 метри, кои ја прават досега најголемата бариета на море наречена Систем 001.

Змиестата бариера ќе се формира во облик на потковица и слободно ќе плови носена од морските струи и ветриштата. На цевките во длабочина се поставува преграда долга околу три метри па отпадот ќе се задржува во „потковицата“, а рибите и останатите морски животни ќе можат непречено да пловат во океанот.

Откако отпадот ќе се „згусне“ во компактна маса по него ќе дојде брод кој ќе го собере и ќе го однесе на рециклирање. Бродови насобраниот отпад би требало да го одвезуваат на шест до осум недели.

Пластичните предмети годишно убиваат и до 100.000 китови, делфини и фоки кои ги голтаат мислејќи дека се храна. Во последно време се откриваат и сѐ повеќе загинати птици чии стомаци се полни со пластика.

Морските суштества и птиците често ја јадат отфрлената пластика но на крајот умираат од глад бидејќи всушност не се сити. Другите се заплеткуваат во мрежи од кои не можат да избегаат па често се задушуваат. Секоја година во светските мориња се фрлаат околу 8 милиони тони пластика.

„Сакаме да се увериме дека сето ова функционира и за неколку месеци да ги видиме први парчиња пластично ѓубре во пристаништето, што ќе значи дека технологијата е исправна“, кажа Слат за Франс прес.

Тој додава дека успехот на тестното испловување значи дека во догледно време во чистење на океаните ќе може да се испрати цела флота од шеесетина системи за чистење.

Тагови