Живот

Откриена планета во близина на Земјата на која може да има услови за живот

Американската вселенска агенција НАСА објави дека нејзиниот сателит, ловецот на планети TESS пронашол свет со големина на Земјата во појасот од своите ѕвезди каде што би можело да се живее и каде што би имало вода во течна состојба.

Планетата наречена TOI 700 d е релативно блиску до нашата планета, само стотина светлосни години, велат од НАСА. „ТESS е направен и лансиран со мисија да пронајде планети со големина на Земјата кои кружат околу блиски ѕвезди“ објаснија од НАСА.

TESS најпрвин погрешно ги класифицирал ѕвездите, што значи дека планетите изгледаат поголеми и потопли отколку што се навистина. Но, неколкумина аматерски астрономи укажале на грешката. „Кога ги поправивме параметрите на ѕвездите, се намалија величините на нивните планети и сфативме дека наjоддалечената од нив има иста големина како Земјата и се наоѓа во зоната каде што може да има живот“, додаваат научниците.

Ова откритие подоцна го потврди вселенскиот телескоп Spitzer. Ѕвездата, пак, TOI 700 е мала – 40% помала од нашето Сонце и зрачи двојно помалку топлина од нашите ѕвезди.

Тагови

Поврзани вести