Забава

Во Босна-еко село во спомен на Тоше Проески(фото)

По Тоше Проески спомените не можат да пресушат. Па така, неодамна, својата бесконечна љубов кон нашиот пејач ја покажале и во Босна. Едно тамошно еко село наречено „Рај во рајот“, кое е отворено деновиве, посветено е на музичката поп-икона Тоше Проески.

Кога ќе влезете во селото, на неколку места има табли на кои се испишани стиховите од неговите песни-евергрини. Тоа треба да се види и да се доживее, велат оние кои биле таму. Не вреди да се прераскажува. Веруваме дека е така

Комплексот „Рај во рај“ се наоѓа на 60. километри од Мостар, а исто толку далеку од Сараево, поточно на 5. километри од магистралниот пат што ги поврзува двата града. Во подножјето на планината Прењ, овој комплекс се наоѓа покрај чистата река Идбар.

Еко селото е посветено на голем број музички легенди од државите од поранешна Југославија, меѓу кои се најде и нашиот Тоше Проески. Во него на неколку места има табли на кои се испишани стихови од неговите песни.

Тагови

Поврзани вести