Храна

Јогуртот е природен пробиотик

За да го регулираме работењето на дигестивниот тракт потребно е да внесеме памнотежа во повеќе сегменти од нашиот живот. Важно е да воспоставиме редовна физичка активност и да го намалиме стресот, но најголем придонес дава балансираната исхрана.

За воспоставување и одржување на нормалната функција на цревата во секојдневната исхрана треба да се вклучат природни пробиотици, кои полезно делуваат на цревната флора и го поттикнуваат варењето. Во оваа задача главна улога играат млечните бактерии кои се познати како најефикасни во воспоставување на бактериска рамнотежа во организмот. Пробиотските култури содржани во млечниот јогурт го поттикнуваат варењето и го активираат метаболизмот, кој во таа ситуација е драстично забавен.

Прескокнувањето на оброците или посегнувањето по нездрава храна најчесто е последица на брзото темпо на живот проследено со голема количина стрес, поради што доаѓа до нарушување на цревната флора и слузокожата на цревата, во кои се наоѓаат најголемиот број на одбранбени клетки на нашиот организам.

 

Тагови

Поврзани вести