Македонија

Танцот на кадроглавите пеликани од Дојран: Вистинска атракција

Дојранско Езеро е подрачје што изобилува со разновиден жив свет и токму затоа е прогласено за клучно подрачје за биолошката разновидност во медитеранската “жешка точка”. Поради присуството на значајни видови птици и растенија, тоа е и глобално значајно подрачје за птици и значајно растително подрачје. Веројатно најинтересните видови птици за набљудување што се среќаваат во Дојран се кадроглавите пеликани, кои се загрозен вид.

Според официјалната, но се уште непотполно утврдена статистика, повеќе од стотина пеликани (Pelecanus Crispus), во периодот од ноември до март престојуваат на езерото поради топлата вода и изобилството на храна.

Ги има и на Преспанското езеро. Интересни се затоа што се единствени во својот вид и едни од најголемите.

Должина на телото: околу 180 cm (од 160 до 183 cm);Распон на крилја: околу 3 m (од 290 до 351 cm);Должина на крилјата на мажјакот: 72-80 cm, на женката: 69-72,5 cm;Должина на клунот на мажјакот: 42,0-51,0 cm, на женката: 38,0-42,3 cm;Тежина на птиците: од 9,0 до 13,0 кг;Опашот е краток и прав, од 22 меки опашни пердуви. Должина на опашот кај мажјаците: 23-25 cm, кај женките: 23 cm; Челото е со перја.

Она што восхитува е нивниот таканаречен танц. Поради распонот на крилјата создаваат неповторлива фантастична слика која плени со раскош.

Пеликаните од Дојран или од Преспа после месец март си заминуваат, за повторно да не израдуваат на есен.

Тагови

Поврзани вести