Свет

Субвенции за еко-автомобилите и до 11 илјади евра

Од утре, купувачите на еко-автомобили ќе добиваат високи субвенции – за електрично возило до 10.800 евра, а за plug-in хибрид половина од таа сума, при што субвенциите можат да бидат изнесуваат до 40% од вредноста на возилото. Оваа радосна вест за жал не се однесува на нас туку на граѓаните на Република Хрватска. За овој проект тамошната влада преку фондот за заштита на околината и енергетска ефикасност одвои 1,6 милиони евра за приватните лица, додека за некоја недела на компаниите за истата намена ќе им бидат ставени на располагање 1,75 милиони евра. Услов е возилата да се нови и досега нерегистрирани во Хрватска. Покрај тоа, хибридите треба да имаат емисија на CO₂ помала од 50 g/km. Субвенции можат да се побараат и за електрични скутери, мотоцикли и квадрицикли (до 2.700 евра), како и за електрични велосипеди (до 675 евра). Битно е и тоа дека субвенциите се одобруваат пред купувањето на возилото

Тагови

Поврзани вести