КултураМакедонија

„Само еден“ нова убава песна од Ристо Апостолов

Во исто време со новата песна промовира е и новиот видео записот продуциран од ДЕОСОЛ Медиа

Повторно нешто убаво, допадливо, певливо и квалитетно од музичката работилница на еден од најпознатите рокери Ристо Апостолов од Водолија. Овој пат „Само еден“, песна која е објавена истовремено со новиот спот.

Музиката текстот и аранжманот се на фронтменот на групата Ристо Апостолов кој воедно е и режисер на видеото.Во спотот покрај Ристо се појавуват и стандардните членови на составот басистот Бојан Митановски и тапанарката Весела Христовска.
Продуцент на видео записот е Дејан Станчевски, а со техничка и професионална поддржка од тимот на “ДЕОСОЛ Медиа” беше сниман во студиото на Универзитетот за аудиовизуелни уметности – ЕФТА Скопје

Поврзани вести