ВестиКлима

Покачување на температурата во последните 140 години(видео)

Климатските промени и науката за климата се огромни области на науката со премногу податоци и информации кои може да биде тешко да се разгледаат, особено поради тоа што прашањето стана политичко во многу делови од светот. Ова брилијантно видео на НАСА ја покажува историјата на температурите на површината на земјата откако тие почнаа да се снимаат, во 1880 година, до денес.

Податоците се собрани од огромна мрежа од 6.300 метеоролошки и истражувачки станици од целиот свет.  За само 36 секунди може да се види постојан пораст на температурите, за кој научниците велат дека е поврзан со нашата употреба на фосилни горива.Приказот на НАСА е еден од трите поголеми прикази на податоците за температурата и сите три се согласуваат во податоците што ги претставуваат.

НАСА опишува како се анализираат температурите за да се создаде визуелен приказ.

– Овие необработени мерења се анализираат со користење алгоритам кој ги зема предвид различните растојанија на температурни станици низ целиот свет и урбаните ефекти на загревање, кои можат да ги искриват заклучоците. Овие пресметки даваат глобални просечни температурни отстапувања од основниот период од 1951 до 1980 година – истакнаа оттаму.

Тагови

Поврзани вести