Телевизиската емисија и интернет порталот за заштита на животната средина, енергетската ефикасност и обновливите извори на енергија ЕКОБАЛАНС е во продукција на независната продукциската куќа ДЕОСОЛ.
Наша цел е да допринесеме за едукација на јавноста; да ги следиме новитетите и актуелностите во земјата и светот; да ги воочуваме проблемите и начините за нивно надминување. Да истражуваме кои се предностите, а кои се слабите страни и какви потенцијали има нашата земја при управување со отпадот, при заштедата на енергијата и користењето на обновливите извори на енергија. Да укажуваме на пропустите во законите и прописите и да покажеме примери на успешна светска и европска пракса.
Емисијата има пред се новинарско истражувачки и информативен карактер.Се занимава исклучиво со екологија и енергетика и содржи истражувачки прилози и информативни блокови поврзани со актуелности од земјата и светот. Не постои ниту една друга емисија на овие простори која ги третита овие проблеми на начин на кој тоа ние го правиме.
Соработката со врвни експерти од областа за заштита на животната средина и енергетиката, како и нивните изјави и прилози ќе допринесуваат за квалитетот на самата емисија и интернет порталот.
Телевизиската емисија и интернет порталот ЕКОБАЛАНС ќе даде одговор на прашања како Што може да направиме за да ја зачуваме нашата животна средина? Како да заштедиме, а како да создадеме енергија од алтернативни извори? Каде е светот, а каде сме ние кога станува збор за развојот и подигањето на еколошката свест?