Живот

(ВИДЕО+ФОТО) Мари направила куќа од песок, глина и слама со површина од 40. квадрати: Малечка е но има се што и е потребно!

Мари Франц Рој сама си направила куќа за себе. Таа користела природни и рециклирани материјали за да го обезбеди својот дом…
Мари Франц Рој е млада професионална сноубордерка. Таа решила да си направи куќа за себе и за нејзиниот партнер. Таа користела само природни материјали како слама, песок, глина, но, исто така, рециклирани прозорци, рециклирано дрво, скршено стакло и што и да можело да се најде во депонијата.

Со овој потфат, таа значително ги намалила трошоците за изградба на куќа, но при тоа покажала како фрлените предмети можат добро да се искористат.

Мари се труди нејзината мала куќа да ја користи енергијата на природата за да го намали загадувањето, а засега успева.
Бидејќи самата ја направила куќата, можела да направи многу поголем простор за живеење, но оваа необична жена вели дека се доволно 40. метри квадратни, колку што има нејзината куќа, за домот да биде удобен.


Покрај кујната и дневната соба, кои воедно се и влез во куќата, оваа прекрасна станбена единица има бања и печка која загрева целиот простор, сончевите панели обезбедуваат топла вода, а бројни прозорци оставаат толку многу светлина во оваа куќа што изгледа како да живеете надвор.


Мари вели дека имала многу среќа затоа што за време на изградбата на куќата и помогнале нејзиниот брат, татко и многу пријатели.
За среќа е потребно малку! Мари го сфатила тоа!

Тагови

Поврзани вести