Вести

„Велика Британија има крвави раце“-Бунт против истребување „изгуби контрола над лажно црево со крв“

Климатските активисти од групата Бунт против истребување се обидоа да испрскаат лажна крв врз зградата на Министерството за финансии, но не помина се според планот

Активистите користеле црево од старо противпожарно возило за да испрскаат 1.800 литри течност на 100 години старата зграда, но тие набрзо ја изгубиле контролата над цревото.

„Го одржавме овој протест за да ја потенцираме дволичноста на британската влада. Од една страна, Велика Британија се промовира како предводник во решавањето на климатските промени, додека од друга страна, инвестира огромни суми пари во проекти за истражување на фосилни горива“, се вели во изјавата на Бунт против истребување.

„Велика Британија има крвави раце“, напиша организацијата на Фејсбук.

Од полицијата е соопштено дека петмина мажи и три жени се уапсени под сомнение за кривична штета.

превземено: мкд.мк

Тагови

Поврзани вести